Жељко Самарџиќ сепак ќе настапи во Сплит: Градските власти ја сменија одлуката

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Денес беше објавена веста дека на популарниот пејач од Мостар, чија мајка е инаку Хрватка, Жељко Самарџиќ, му бил забранет концерт во Сплит бидејќи, како што изјавиле градските власти, неговата музика не му одговара на Сплит.

Овој мостарчанец со белградска адреса требаше да настапи на 19 август, но директорот на Парк-шума Марјан Пејановиќ, сакаше да го забрани концертот на овој регионално популарен пејач.

„Одлуката е моја, ја донесов и го имам тоа право. Музиката на Жељко Самарџиќ не му прилега на Суштипан“ – изјави претходно Пејновиќ за Слободна Далмација.

Сепак, се чини дека Градот Сплит, во меѓувреме реагирал, и ќе дозволи концертот да се одржи. Велат дека тие го имаат последниот збор за забраните и дека директорот без консултација со Градот дал изјава дека го забранува концертот.

Многу фанови во Сплит го слушаа Самарџиќ во преполната Спаладиум Арена. Ја наполни и загрепската Арена, а неодамна настапи и во Сплит, на фестивалот „Fusion World Music“.

Инаку, веста за потенцијалното откажување на концертот доаѓа набргу по забранетите фолк концертите во Пула и Осиек каде што требаше да настапат Душко Кулиш, Драган Којиќ и Ана Бекута.

Директор на јавна установа го одби барањето за настап на Жељко Самарџиќ во Сплит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот