Директор на јавна установа го одби барањето за настап на Жељко Самарџиќ во Сплит

Мостарскиот пејач Жељко Самарџиќ не доби дозвола да настапи пред сплитската публика во Суштипан на 18 август, пишува „Slobodna Dalmacija“.
„Почитувани, Вашето барање е одбиено“ – организаторите на концертот од агенцијата „Она моја“ добија, без образложение, одговор од Јавната установа за стопанисување со парк-шумата Марјан и други заштитени природни вредности во областа на градот Сплит, вклучувајќи го и Суштипан.
View this post on Instagram
„Одлуката е моја, ја донесов и го имам тоа право. Музиката на Жељко Самарџиќ не му прилега на Суштипан“ – изјави за Слободна Далмација Марко Пејновиќ, директор на парк шума Марјан.
Од агенцијата „Она моја“ изјавија дека се изненадени од ваквата одлука со оглед на тоа што Самадрциќ ги полни салите низ регионот.
„Нас нè интересира кој е тој што оценува што е соодветно, а што не. Директор на Парк-шума! Жељко Самарџиќ досега настапувал во арените во сите градови во Хрватска. Ги полнел без никакви проблеми. Со оглед на тоа што 90 отсто од сите негови песни се балади и дека е многу популарен меѓу женската публика и дека мајка му е Хрватка, не гледаме причина за таква одлука. Тоа е вовед во цензура по редослед по кој некој ќе определи што може, а што не може да се слуша – изјави Домагој Петричевиќ, директор на агенцијата“, пренесуваат српските медиуми.
View this post on Instagram
Тој додаде дека не планира да бара нова локација за одржување на концертот на Самарџиќ.
„Спаладиум арената е затворена, во Грипа има спортски објекти и приоритет е на спортистите, како и саемите, кои таму беа пренесени од Спаладиум. Нема ниту слободни термини. Едноставно, во Сплит нема соодветна адреса за настан од ваков тип, нема алтернативна локација за концерт од две до три илјади луѓе“ – рече тој.