Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

Ждрепката за Австралија опен на 15 јануари во Мелбурн

Ждрепката за Австралија опен, првиот тениски грен слем турнир во сезоната, ќе се одржи на 15 јануари во Мелбурн во 04.30 часот наутро по централно европско време, објавија организаторите.

Церемонијата на извлекување во Мелбурн ќе ја водат поранешните тенисери Тод Вудбриџ и Јелена Докиќ.

Австралија опен ќе се одржи од 18 јануари до 1 февруари. Титулата кај мажите ја брани Италијанецот Јаник Синер, а во женска конкуренција Американката Медисон Киз.

Со 10 освоени трофеи во Мелбурн, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е убедливо прв на вечната листа на шампиони на овој турнир. Рој Емерсон и Рожер Федерер имаат по четири титули помалку.

Потсетување дека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори учество во квалификациите на првиот грен слем турнир Австралија Опен. Ова за нејзе ќе биде трето учество на турнирот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот