Здружението „Борка“ ќе одржи Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата против ракот на дојката“

Конференција Борка/Facebook

По повод Светскиот месец за борба против рак на дојка, Здружението во борба против рак на дојка, „Борка“ ќе одржи Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата против ракот на дојката“.

Настанот ќе се одржи на денеска, 22 октомври, со почеток во 18:00 часот, онлајн на платформата Zoom.

Како дел од на настанот ќе бидат присутни шест говорници, а тие се : Министерот за здравство Венко Филипче, д-р Драгана Могилевска -Груевска, доц. д-р Сц. Весна Рамљак, д-р Нино Васев, д-р Мери Пешевска и Биба Додева.

говорници на конференција
Фото: Говорници на конференција Борка/Facebooк
Видео на денот