Заврши успешно и последниот ден за македонските каратисти на Балканското првенство

фото: Карате федерација на Македонија

И последниот ден од Балканското првенство за сениори и ветерани што се одржуваше од 22 до 24 септември 2023 година во Тирана, Албаниј,а заврши успешно за македонските карате репрезентативци.

Нашиот машки тим во состав: Глигор Хаџи-Кимов, Берат Јакупи, Мурсел Мисини, Емил Павлов, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски успеаја да освојат сребрен медал. Во првиот круг беше остварена победа против Босна и Херцеговина со 15-10, во вториот круг победа против Албанија со 3-1 и во финалето пораз против Србија со резултат 1-3.

фото: Карате федерација на Македонија

Севкупно на овој шампионат македонската сениорска репрезентација успеа да освои три сребрени медали во индивидуален и два сребрени во екипен настап, три бронзени медали во индивидуален и еден во екипен.

Сите постигнати резултати може да се погледнат на следниот линк ТУКА

Индивидуален настап

Кумите женски -61 кг. Викторија Јовановска (2 место)
Кумите машки -67 кг. Емил Павлов (2 место)
Кумите машки 84+ кг. Берат Јакупи (2 место)
Кумите женски -61 кг. Вероника Костовска (3 место)
Кумите машки -60 кг. Фаик Весели (3 место)
Кумите машки -75 кг. Петар Заборски (3 место)

Екипен настап

Кумите машки екипно (2 место): Глигор Хаџи-Кимов, Берат Јакупи, Мурсел Мисини, Емил Павлов, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, Витомир Трајковски

Ката машки екипно (2 место): Кристијан Бајовски, Александар Спасовски, Давид Спасовски

Кумите женски екипно (3 место): Јована Георгиева, Вероника Костовска, Бојана Манева, Ангела Мојсовска

Ветерани

Кумите машки Ветерани +55 -75кг Христаки Давитковски (1 место)

ФОТО: Македонија со три медали на првиот ден од Балканското првенство во карате

Нови медали за македонските каратисти на Балканското првенство во Тирана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот