ФОТО: Македонија со три медали на првиот ден од Балканското првенство во карате

фото: Карате федерација на Македонија

На првиот ден од Балканското првенство во карате во Тирана, Албанија, македонските репрезантивци во сениорска конкуренција освоија еден сребрен медал, една бронза, три петти и три седми места.

Во категоријата -61кг. жени освоени се два медали, сребро за Викторија Јовановска, а со бронза се закити Вероника Костовска.

Петти места освоија Кристијан Бајовски во категоријата ката машки, во борби Јована Георгиева -55 кг. и Ангела Мојсовска во -68кг.

Седми места освоија Цветковска Теодора и Села Гента во -50 кг., и Јована Мицовска во -68 кг.

Покрај сениорите на ова првенство, настапи имаа и тројца натпреварувачи во категоријата ветерани. Од нив најголем успех оствари Христаки Давитковски кој во категоријата кумите машки над 55 години -75кг. освои златен медал.

Официјалните резултати можат да се погледнат на следниот линк ТУКА

фото: Карате федерација на Македонија
фото: Карате федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот