Заврши реконструкцијата на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид

Охрид бил расадник на успешни пливачи, а целта е тоа да се возобнови/Фото: Општина Охрид

За првпат после 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање, на кое покровител е општина Охрид.

Заврши реконструкцијата на градскиот базен „Атина Бојаџи“, за кој се чекаше 10 години за санација. Санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен, а исто така уредени се и трибините кои беа во распаѓање.

За кратко време се планира отворање на базенот и отпочнување со работа. Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади. Ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спортови за развој на младите.

Охрид бил расадник на успешни пливачи, а целта е тоа да се возобнови. За првпат после 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање, на кое покровител е општина Охрид.

Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство со што ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултатите кои во иднина ќе може да ги користат за добивање на стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства.

Фото: Општина Охрид

Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Мегународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“.

Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот