Алармантно во Охрид: Британскиот сој ја затвори охридска кардиохирургија

Инфективна клиника / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сите термини од платформата Мој термин се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.

„Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

Уште вчера беше алармантно на охридската клиника, а директорот  доктор Горан Балески за Слободен печат рече дека пандемијата воопшто не очекува да се повлече брзо. Тој додаде дека во моментов во клиниката има 55 хоспитализации, а 40 од нив се на кислород. Се ова, како што вели го оптоварува капацитетот на болницата.

Врие од ковид хоспитализации во Охрид: Најстариот пациент има 92 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот