Засладете го ова попладне – Баклава со вишни: Сочна и освежувачка, ќе ве освои за момент! (РЕЦЕПТ)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Засладете го ова попладне со овој божествен и сочен рецепт…

Состојки:

– половина килограм тенки готови кори
– 4 јајца
– 350 грама шеќер
– 200 мл масло
– 150 грама презла
– 1 кесичка прашок за печиво
– 300 грама вишни (замрзнати, од компот…)
– 200 мл вода
– ванилин шеќер

Подготовка:

– Јајцата, маслото и половина од количината шеќер измешајте ги, па додадете ја и презлата и прашокот за печиво.
– На дното од тавата за печење со димензии 40 см на 25 см наредете една четвртина од корите, па премачкајте ги со половина од смесата од јајца и ставете дел од вишните, прекријте со нова кора.
– Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите сите состојки, а на врвот завршете со кори.
– Печете на 185 целзиусови степени околу 45 минути, додека горната кора да добие златножолта боја и не стане крцкава.
– Сварете го шеќерот, ванилиниот шеќер и водата, па прелијте ја пречената баклава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот