„Заљубен до уши“ – Кијану Ривс решил да ја запроси жената која на многумина не им се допаѓа

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Познатиот актер Кијану Ривс е среќен во неговата љубовна врска со својата девојка Александра Грант. Откако се одважи за неочекувана промена на имиџот, Кијану одлучил и врската со својата избраничка да ја подигне на повисоко ниво.

На почетокот на летото актерот се пресели во Берлин, каде го снима долгоочекуваното четврто продолжение од франшизата „Matrix”, а овие денови снимањето на филмот се приближува до крајот. Во текот на целото снимање друштво му правеше неговата 47-годишна партнерка, визуелната уметница Александра Грант, која со него повремено се пресели во Германија.

Познато е дека причината за широката насмевка на лицето на Кијану Ривс е токму таа, и дека парот е навистина „заљубен до уши“. Доколку им веруваме на странските медиуми, 56-годишниот актер е одлучен во намерата во наредните неколку недели да клекле пред својата избраничка, и да и го постави судбинското прашање.

Фото: Инстаграм

„Можеби ќе се венчаат во Германија. Супер им беше таму за време на снимањето. Живеат во некој балон додека е на сила карантинот, што уште повеќе ги зближи. Се усогласија на сите полиња, а односот дополнително им се зацврсти“, откри изворот за странските медиуми.

„Кијану им рекол на пријателите дека е подготвен да ја запроси својата девојка и дека тоа веројатно ќе го направи за време на божиќните празници, бидејќи Александра ја смета за своја сродна душа. Сите се пресреќни поради нив и едвај чекаат официјална објава на овие прекрасни вести“, нагласил изворот.

Кијану Ривс одамна јасно покажа дека воопшто не му се важни злобните јазици, кои неговата избраничка ја нарекуваат со погрдни имиња. Таа често беше критикувана дека изгледа како баба, поради седата коса, дека не му е достојна, дека е здодевна и неграциозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот