Захарова: Тврдењата на Западот се апсурдни

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуиција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми.

-Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат се повеќе и повеќе апсурдни тврдења, рече таа.

Русија, наведе таа, се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.

-Сето ова е претставено како долго очекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се свати тоа, нагласи Захарова.

Таа оцени дека „неверојатно е што Западот сега се спушта до такво ниво што не сака да преземе никаква одговорност за настаните во Украина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот