Захарова: Слушнала ли Фон дер Лајен за Косово?

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека границите не можат да се менуваат насила, истакнувајќи дека не верува дека таа „не слушнала за Косово“.

„Западот беше тој што го прогласи и со сила го спроведе едностранoто прекројување на границите на Србија, спротивно на волјата на српскиот народ,“ тврди Захарова.

Фон дер Лајен алармира дека украинските граници не смеат да се менуваат насила, ги посочи „трите главни елементи за праведен мир“

Таа се осврна и на изјавата на Фон дер Лајен дека на Украина не може да ѝ се нареди колку припадници треба да имаат нејзините вооружени сили, потсетувајќи дека Германија во минатото се согласила со такви ограничувања.

„На пример, Договорот 2+4 од 1990 година го регулираше развојот на Бундесверот, а вооружените сили на Сојузна Република Германија требаше да бидат намалени од 500.000 на 370.000 припадници во рок од четири години. Тогаш Германија потврди и дека се откажува од производство, поседување и складирање оружје за масовно уништување. Како Германка, треба да ја знае историјата на својата земја,“ рече Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот