Заев за „Еуроњуз Албанија”: Ако испорачуваме и ЕУ мора да испорача за да не се развиваат дискусии за нови етнички граници

Зоран Заев / Фото: Архива на „Слободен печат“

Тој потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат. Според него е многу важно и тоа што Северна Македонија, е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земји.

Продолжување на процесот кон Европската Унија но и ЕУ да испорача со што би се спречило развовање на нон пејпери за нови граници, порачува премиерот Заев во интервју за „Еуроњуз Албанија” (Euronews Albania).

-Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон пејпери и дискусии за нови етнички граници, нови граници на држави, а тоа, знаат и децата е можно само со пушки и со оружје. Не нѝ треба тоа, 21 век е, истакнува Заев додавајќи дека тој сериозно верува дека, ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва и за нон пејпери и за стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го посакуваат.

Тој потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат. Според него е многу важно и тоа што Северна Македонија, е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земји.

Национализмот и шовинизмот, вели Заев, го има насекаде во светот, но на Балканот е видлив и затоа не треба да се потхранува бидејќи ги уништува перспективите на младите, нивните генерации.

-Сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ, нагласува премиерот во интервјуто.

Тој, се наведува во соопштението на Владата, верува дека Европа навистина ќе остане солидарна и во својата филозофија на формирање и опстојување како уникатен пример во светот, ќе продолжи да постои и да се унапредува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот