За успешна љубовна приказна ова е идеалната разлика во годините

Едно најново истражување спроведено на 3.000 испитаници покажа дека веројатноста за раскинување или развод е поголема ако е повисока старосната разлика меѓу партнерите.

Во врските во која старосната разлика е пет години, веројатноста за равод е 18%, а кај партнерите со разлика од 10 години имаат дури 39% можност за раскинување на врската.

Најлоши резултати, со веројатност од 90% за раскинување, имаат двојките со старосна разлика од 20 години и повеќе.

Најдобра старосна разлика меѓу партнерите е една година и кај овие партнери има само 3% шанси за раскинување. Но во одлични врски се и оние со две, три и четири години разлика.

Експертите сметаат дека причината за ваквите резултати е фактот дека луѓето на различни возрасти и во различни фази од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот