За помалку од една недела собран првиот милион во акцијата на „Комити“ за Вардар

Фото: ФК Вардар

Вардаровите навивачи „Комити“ кои од неодамна се и сопственици на клубот започнаа акција со продажба на сезонски билети за натпреварите на Вардар по симболична цена од 1.000 денари.

Целта на акцијата е да се соберат 500.000 евра, иако тоа е се уште далеку, сепак се изразува задоволство од текот на акцијата. За помалку од една недела од продажбата на билети веќе се собрани еден милион денари.

„За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа!

Акцијата продолжува, со уште посилно темпо!

Членската карта, е обврска на секој навивач на клубот“, објави Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот