Вујкото на Надал му дели комплименти на Новак: Ѓоковиќ ќе биде тенисерот со највеќе грен слем титули

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја продолжи доминацијата и во 2022 година/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ со победата над Матео Беретини во финалето на Вимблдон, дојде до 20. грен слем трофеј во кариерата и се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер на првото место на вечната листа.

Ѓоковиќ долго време заостануваше во бројот на освоени грен слем титули во однос на конкурентите, но во последните години конечно успеа да ги стигне и сега се повеќе тениски легенди и експерти веруваат дека кариерата ќе ја заврши како најтрофеен тенисер во историјата. Еден од тие кои веруваат дека Ѓоковиќ на крајот ќе има највеќе грен слем титули е и поранешниот тренер на Рафаел Надал, неговиот вујко Тони Надал.

„Мислам дека нивото, играта на Ѓоковиќ не е поголема од таа во 2011 или 2015 година. Но, се покажа дека Новак секогаш е еден чекор пред новата генерација на тенисери. Ги победи трите идни тениски шампиони на последните три грен слем турнири“, пишува Тони Надал во колумна за весникот „Ел Паис“ .

Тони Надал исто така пишува дека Ѓоковиќ е фаворит за триумф на УС Опен иако на последниот годинешен грен слем турнир ќе игра и неговиот внук.
„Оваа победа на Вимблдон е нешто друго. Се чини дека Ѓоковиќ во овие моменти е тенисер кој е фаворит да се прогласи за победник во трката за највеќе освоени грен слем титули. За еден и пол месец ќе се игра УС Опен и таму ќе има можност да напредува на листата, да биде сам на првото место. Точно е дека и Рафа ќе се бори, никогаш не ја загубив вербата во него“, пишува Тони Надал.

Тениските легенди немаат дилеми, Ѓоковиќ ќе освои 25 или 26 грен слем титули

Тениските легенди немаат дилеми, Ѓоковиќ ќе освои 25 или 26 грен слем титули

Историја на Ѓоковиќ, триумф на Вимблдон за 20. грен слем титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот