Тениските легенди немаат дилеми, Ѓоковиќ ќе освои 25 или 26 грен слем титули

EPA-EFE/LUKAS COCH

Џон Мекинро и Матс Виландер во последно време постојано делат комплименти за играта на Новак Ѓоковиќ, па така беше и по триумфот на првиот светски рекет на Вимблдон.

Мекинро смета дека дека Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши како тенисер со убедливо највеќе освоени грен слем титули.
– Според мојата проценка, Новак ќе победи на уште пет или шест грен слем турнири. Во овие моменти тој изгледа апсолутно непобедливо. Што се однесува до неговите најголеми ривали, на Надал му давам уште еден грен слем триумф додека Рожер Федерер повеќе нема да го гледаме како победник на еден од четирите најголеми тениски турнири – вели Џон Мекинро, кој во својата кариера има седум грен слем титули.

Речиси идентично мислење има и Матс Виландер.
– Ѓоковиќ оваа година ќе ги освои сите четири грен слем титули како и златниот медал на Олимписките игри доколку учествува. До крајот на годината ќе има 21 грен слем титула, а лично очекувам кариерата да ја заврши со 25 или 26 грен слем титули. Верувам дека ќе владее во тенисот наредните две години. Сето тоа под услов да остане здрав – истакна Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот