Вучиќ: Не го затвораме цел Белград, само ноќните клубови и рестораните од 23 до 6 часот наутро

Според претседателот од понеделник ќе почнат со казни за оние кои не носат маски во јавниот градски и меѓуградски превоз, како и во трговските центри.

-Би сакал да има поповолна ситуација. Белград е најголем проблем, 82,5 отсто од заразените се во престолнината. Сите останати места се под контрола, што е помалку или повеќе очекувано и вообичаено, рече вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ во гостувањето на РТС, по состанокот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Денеска тој разговарал со д-р Предраг Кон, а вчера со Кисиќ Тепавчевиќ и д-р Стевановиќ.

– Владата утре ќе донесе одредени мерки. На две недели ќе ги затвориме ноќните клубови, тие нема да работат од 23 до 6 часот наутро. Истото тоа ќе важи и за кафулињата. Студенските домови ќе ги затвориме, рече Вучиќ.

-Јас да се прашувам би го затворил Белград и би вовел полициски час од 7 дена, но ми рекоа дека овие мерки се доволни. Ние се обидуваме да не отвораме болницата „Драгиша Мишовиќ“ во овој летен период. Ако овие мерки не ни донесат подобрување, одиме на нови мерки“, рече Вучиќ.

Според претседателот од понеделник ќе почнат со казни за оние кои не носат маски во јавниот градски и меѓуградски превоз, како и во трговските центри.

– Казните ќе се движат околу 5.000 или 6.000 динари. Секој има право да биде неодговорен за себе, но не и за другите. Сето ова се начини за да го зачуваме здравјето и животите на луѓето. Го почитувам мислењето на струката. Лекарите, тие прекрасни луѓе се борат, а некои за нив зборуваат најлошо, не пцујат и проколнуваат, рече Вучиќ.

Во последните 24 часа во Србија се тестирани од коронавирус 9.013 лица, од кои 359 се позитивни, додека починати се шест пациенти. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот Батут, на респиратори се 81 лице, додека 1.996 се активни случаи на заболени од коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот