Второ намалување на каматната стапка на НБРМ

Се разгледуваат и дополнителни мерки за поддршка на економијата, но засега тековите се стабилни.

На вонредна електронска седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одлучи да се намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75%. Ова е второ намалување годинава, во услови на високи девизни резерви и ниски инфлациски движења, а при присутни глобални ризици, вклучително и ширењето на корона вирусот. Целта е како што велат да се олабави монетарната политика односно да се придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките.

Народната банка разгледува и дополнителни мерки за поддршка на економијата, но напоменува дека засега тековите се стабилни.

Од НБРМ велат дека ризиците за глобалната и домашната економија предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција ковид-19 се изразени. Големината на вкупните негативни економски ефекти тешко може да се одреди поради неизвесноста околу времетраењето и силината на вирусната инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот