Врачени државните награди „8 Септември” на петмина спортски работници
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска по повод Денот на независноста беа врачени традиционалните награди „8 Септември” со кои им се оддава признание на спортисти, тренери и спорски работници за нивната работа и остварувањата.
Препорачано
Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот и афирмација на спортот годинава му беше врачена на Љуљзим Вренези, долгогодишен натпреварувач во борење, кој сега е селектор на македонската репрезентација. Активно се натпреварувал 28 години, а најдоброто освоено место како борач му е четвртото место.

– Ова е најголемата награда што сум ја добил во мојот живот. Им се заблагодарувам на сите колеги и на семејството кои се дел од оваа награда. Се надевам дека ќе Ве израдуваме и со медал од Токио – рече Вренези при примањето на наградата.
Покрај наградата за животно дело, беа врачени уште четири награди со кои им се оддава признание на Сократ Ефтимовски (борење), Бесник Мурати (карате), Ванчо Јовановски (ракомет) и Ѓорги Вучков (атлетика).
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на земјава на меѓународен план.


