Фото: Архива / скриншот

Вработен пријавил дека не му плаќале прекувремена работа, газдата на фирмата дознал и го отпуштил

Компанија од Кичево со седиште во Скопје отпуштила градежен инженер поради тоа што пријавил во Државниот инспекторат за труд дека работел прекувремено, а фирмата за тоа не му плаќала. Тој сепак си ги добил заработените пари, дури откако за неговиот случај објави порталот „СДК.мк“.

Инженерот Игор Димовски пријавил дека газдата не дозволувал ниту користење годишен одмор и боледување, а фирмата работела без поединечна евиденција за вработените. Проблемот е решен дури по објавата на порталот, со посредство на Трудовиот инспекторат, каде градежниот инженер Игор Димовски ги поднел пријавите за повеќе прекршувања на законите од компанијата во која работел и прекувремено.

Димовски сега вели дека фирмата му ги исплатила заостанатите дневници, додатоците за минат труд, како и неискористениот годишен одмор. Тој аномалиите од мај лани до април годинава ги пријавил во Државниот инспекторат за труд, првиот пат анонимно. Но, газдата на градежната фирма, веднаш штом дознал за пријавата, го отпуштил од работа, односно не му го продолжил договорот и со месеци одбивал да му ги плаќа заостанатите додатоци.

Тој се сомневал дека наместо него, Трудовиот инспекторат го штител работодавачот бидејќи тој, како што вели, бил во многу блиски роднински врски со претставници на актуелната власт.

Целиот текст прочитајте го на „СДК.мк“.

Груевски отворил консултантска фирма и заработувал илјадници евра во Унгарија — не се знае кого советувал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот