Вработен пријавил дека не му плаќале прекувремена работа, газдата на фирмата дознал и го отпуштил
Компанија од Кичево со седиште во Скопје отпуштила градежен инженер поради тоа што пријавил во Државниот инспекторат за труд дека работел прекувремено, а фирмата за тоа не му плаќала. Тој сепак си ги добил заработените пари, дури откако за неговиот случај објави порталот „СДК.мк“. Инженерот Игор Димовски пријавил дека газдата не дозволувал ниту користење годишен …

