Вработен бара од компанијата 200.000 фунти: „Си го оштетил“ мозокот од премногу алкохол на тим билдинг
Вработен ја тужи британската компанија „PWC“ поради повреда што ја добил на настан организиран од компанијата. Со поедноставни зборови, на тим билдинг.
Препорачано
„Financial Time“ пишува дека вработениот Мајкл Броки тврди дека се повредил за време на „голф во паб“ организиран од компанијата за своите вработени. Идејата била вработените да одат на „излети“ по локалните пабови, кои биле замислени како играње голф, но наместо да стигнат до дупките на теренот, вработените посетувале – пабови.
Наводно, вработените биле охрабрени да пијат алкохол во секој паб што е можно побрзо за да победат во играта.
Броки тврди дека настанот „поттикнал прекумерно консумирање алкохол“ и дека тоа резултирало со „оштетување на мозокот бидејќи тој бил толку пијан што не се сеќавал што се случило по 22 часот“.
Тој бара отштета од 200.000 фунти
28-годишникот тврди дека морал да земе шест месеци одмор од работа за да се опорави. Сега тој бара 200 илјади фунти од компанијата и ја обвинува за негрижа кон работниците.
„Како одговорен работодавач, ние сме посветени на обезбедување безбедна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме секој што присуствува на социјалните настани да биде одговорен и да се грижи за својата безбедност и безбедноста на другите“, објавија од компанијата.
Судската постапка е во тек.


