Фото: Републик ворлд / Принтскрин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Се откачи нишалка во индиски лунапарк, луѓето врескаа во ужас, загина полицаец кој сакал да помогне

Полицаецот Јагдиш Прасад починал откако притрчал да им помогне на повредените по уривањето на нишалката. Тој бил погоден во главата и во лицето кога справата наводно пукнала и од другата страна, при што биле заглавени и други патници.

Страшна несреќа ја погоди Индија кога нишалка „Цунами“  се скршила додека носела 19 луѓе во саботата на саемот Сураџкунд во Фаридабад, во индиската држава Харјана, објави „Дејли мејл“.

Снимки покажуваат како кабината се одвојува од справата додека таа се врти. Возбудените вресоци на посетителите се претворија во крици на ужас кога кабината со силен удар падна на земја.

Полицаецот Јагдиш Прасад загинал откако притрчал да им помогне на повредените. Тој бил погоден во главата и во лицето кога справата наводно пукнала и од другата страна, при што биле заглавени и други патници. Прасад е татко на три деца, кој требало да се пензионира во март по 36 години служба. Тој бил итно пренесен во болница, но по неколку часа им подлегнал на тешките повреди.

Заменик-комесарот на полицијата во регионот, Ајуш Синха, изјави за локалните медиуми: „Инспекторот почина додека се обидуваше да ги спаси луѓето“.

Ветришта урнале капија на саемот

Повредените биле пренесени во две различни болници, а саемот бил евакуиран по инцидентот.

Претходно истиот ден, силни ветрови урнале капија на саемот, при што биле повредени возрасен човек и дете, кои, исто така, биле однесени во болница.

„Случаите се предмет на истрага и ќе бидат преземени строги мерки против одговорните“, изјави Синха.

ВИДЕО | Страшна несреќа во Индија: Балони наполнети со гас експлодираа и се запалија во лифт

Дефектот бил поради механички проблем

Според првичните информации, дефектот на справата бил поради механички проблем, а не поради временските услови.

Саемот Сураџкунд, кој се одржува по 39-ти пат, започнал на 31 јануари и требало да трае до недела. Делот со забавни справи привремено бил затворен заради истрага и безбедносни проверки.

Ова не е прв ваков инцидент на саем во Индија.

Во 2022 година, во северната индиска држава Пенџаб, една справa падна од висина од речиси 15 метри откако изгубила брзина и наместо да забави, нагло се урнала. Тогаш беа повредени најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, а петмина беа задржани на болничко лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот