Воздухот вечерва е најзагаден во Струмица – има ПМ2,5-честички шестпати над дозволеното
Повеќе македонски градови и вечерва се со сериозно загаден воздух, а состојбата е најалармантна во Струмица, каде се измерени 158 микрограми ПМ-2,5 честички на кубен метар воздух, што е за повеќе од шестпати над дозволеното ниво. Престојувањето на отворено во вакви услови се смета за „нездраво“ не само за ризичните групи, туку за сите луѓе.
Препорачано
Според податоците од пет мерни станици во Струмица кои ги собира веб-страницата Aqicn.org, екстремното ниво на загадување е забележано на мерното место кај училиштето „Никола Вапцаров“, вечерва во 22 часот. Загадувањето на тоа место нагло се зголемило попладнето околу 17 часот и растело цела вечер. И на другите мерни станици во Струмица се забележани високи концентрации на ПМ2,5 честички, неколкукратно поголеми од дозволената.
Воздухот е значително загаден и во повеќе други македонски градови: Кавадарци, Тетово, Кичево, Гостивар, Скопје…
Воздухот вечерва е многу загаден во низа македонски градови, дури и во Охрид не се дише
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


