Фото: aqicn.org

Воздухот вечерва е многу загаден во низа македонски градови, дури и во Охрид не се дише

Исклучително високо ниво на загадување на воздухот вечерва се бележи во повеќе македонски градови, во кои индексот на загадување AQI се движи од 140 до 160 (означено како „нездраво“) и достигнува до 184, што се смета за „опасно“.

Според податоците од мерните станици низ земјава, кои ги собира веб-страницата aqicn.org, воздухот е најзагаден во Кавадарци, како и во Битола, Струмица, Велес, Кичево, Тетово и Охрид. Нешто помало загадување има во делови од Скопје (Тафталиџе) и во Гостивар.

Според деталните податоци од мерните места, растот на индексот на загадување во повеќето градови се должи најмногу на големото покачување во концентрацијата на честичките ПМ-2,5 од околу 17 часот наваму.

Крајот на октомври и почетокот на ноември, односно доаѓањето на студеното време и грејната сезона, со години го означува и почетокот на зимските проблеми со аерозагадувањето во македонските градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот