Болница во Словенија/Фото: EPA

Во Словенија денеска уште 745 заразени, едно починато лице

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 745 новозаразени од коронавирус, а едно лице почина, соопшти денеска словенечката влада.

Како што јави агенцијата Хина, вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 10.683, а моментално се активни 4.818 случаи, соопшти министерството за здравство.

Бројот на новозаразени денеска втор пат по ред е поголем од 700, откако вчерашниот рекорд изнесува 707, а се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти.

Во болниците, според последните податоци, има 221 лице од кои 40 се на одделенијата на интензивна нега, а со вчера починатите бројот на жртви се искачи на 176.

Бројот на инфицирани од почетокот на епидемијата првпат надмина 10.000, а од петокот на сила се ригорозни мерки посебно во седум од 12 покраини кои веќе влегоа во опасната „црвена зона“.

(Извор: Бета)

Словенечката влада, се чини, немаше избор: Седум од 12 региони од полноќ во карантин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот