Во Скопје одржан Самитот на спортски новинари на југоисточна Европа

Самит на спортските новинари на ЈИ во Собранието на Република С. Македонија во Скопје/фото: mok.org.mk

Во свечената сала во Собранието на Република С. Македонија во Скопје се одржа годишниот Самит на спортските новинари на југоисточна Европа.

На самитот беа опфатени повеќе теми за дискусија меѓу кои како поважни би ги издвоиле за безбедноста на спортските натпревари, новиот закон за спорт, работа со младите категории, странските искуства и др.

Собирот започна со свечено доделување на наградата за заслуги во спортот на Дики Бојаџи. Наградата ја врачи Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, Оливер Спасовски.

По оваа свеченост, Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски му го додели високото признание на МОК, „Златна Олимпија“ на претседателот на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), Божидар Маљковиќ за неговиот придонес во развојот на Олимпизмот и спортот. МОК и ОКС имаат долгогодишна блиска соработка, која е интензивирана во пресрет на Летните олимписки игри Париз 2024.

Божидар Маљковиќ (лево) со високото признание на МОК, „Златна Олимпија“/фото: mok.org.mk

Инаку, Претседателот на ОКС Божидар Маљковиќ минатата недела влезе во Куќата на славните на шпанската кошарка. Тој има освоено четири титули Европски клупски првак, двапати е прогласен за тренер на годината во Европа (натпреварувачка сезона 1988–89 и 1989–90), двапати е прогласен за Европски тренер на годината доделен од ФИБА Баскет (1993, 1996) и добитник е на многу други национални и меѓународни награди. Неговата ќерка Марина Маљковиќ е српски професионален кошаркарски тренер, а моментално е тренер на женската репрезентација на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот