Во последната секунда до втора победа над Грузија

facebook.com/rfmofficial

Денеска најдобрата македонска репрезентација во СЦ „Борис Трајковски“ го одигра и вториот пријателски натпревар против Грузија. Повторно триумфиравме овојпат со конечни 29:28.

Скоро во текот на целиот меч нашата селекција имаше водство, иако противниците доаѓаа неколку пати доаѓаа до израмнување.

Гостите тоа го направија и во последната минута на 28:28, па останаа уште малку секунди до крајот на средбата. Побрз од последниот звук на сирената за триумф беше десното крило на РК Тинекс Пролет, Мартин Поповски.

facebook.com/rfmofficial

Да потсетиме, во првиот контролен меч против Грузијците избраниците на селекторот Данило Брестовац триумфираа со 24:21.

Претходно ЕХФ-неделата започна во Ескишехир каде што нашите најдобри ракометари славеа против Турција (26:23), а потоа ремизираа со Италија (26:26).

Овие мечеви служеа како подготовка за настапот на наредното Европско првенство 2020 година во јануари.

Исто така се најавуваат нови контролни мечеви непосредно пред континенталниот собир, односно ќе се искористи и турнирот „Трофеј Карпати“ во декември против Црна Гора и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот