Победа на македонските ракометари против Грузија

facebook.com/rfmofficial

Македонската сениорска ракометна репрезентација и во подмладен комбиниран состав ја совлада Грузија со 25:21 во првиот од двата најавени пријателски натпревари во рамките на ЕХФ неделата.

Првото полувреме заврши со 12:12, откако нашиот национален тим доминираше во воведните минути, но голманот Шота Тивзадзе беше одличен и придонесе гостите да ја стопат негативата и да фатат резултатски приклучок.

Во второто полувреме, нашиот тим играше колку што беше потребно за да триумфира без поголеми проблеми.

facebook.com/rfmofficial

Капитенот Кирил Лазаров не играше воопшто, Манасков и Талески имаа лимитирана минутажа, па селекторот Данило Брестовац им даде шанса на младите, со тоа што на голот беше искусниот Борко Ристовски.

Велковски, Поповски и Пешевски со по четири гола беа најефикасни во победничките редови.

Македонија – Грузија  25:21 (12:12)

Македонија: Ристовски (14 одбрани), Томовски, Манасков, Велковски 4, Димитриоски 1, Лазаров, Талески 2, Кузмановски 1, Костески 3, Танкоски 2, Крстевски, Кукуловски, Поповски 4, Пешевски 4, Јагуриновски, Маџовски 2, Димитриевски, Мишевски, Арсеновски 1.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 мин.

В сабота од 16 часот ќе се игра и вториот контролен меч, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ повторно ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот