Во новата година раст на цената на златото, денес се продава по 120 евра за грам

Светскиот пазар на благородни метали започна силно и во 2026 година, со продолжен раст на цената на златото, откако овој благороден метал бележеше историски добивки во 2025 година. Спот-цената на златото се искачи над 3.728 евра за унца  (31,1 г), одразувајќи висока побарувачка од инвеститорите кои го гледаат како безбедно засолниште во услови на економска и политичка неизвесност. Грам денес се продава за 120 евра за грам.
https://www.slobodenpecat.mk/zlatoto-vo-2025-neochekuvan-silen-rast-i-rekordi

Растот се должи делумно на очекувањата за повеќе намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД во текот на оваа година, што ја намалува „можноста да заработат“ средства со фиксни камати и ја зголемува привлечноста на златото. Слабеењето на доларот на меѓународните пазари исто така придонесе за повисоки котации.
Глобалните економски и геополитички тензии вклучувајќи непостојани односи меѓу големите економии и неизвесност околу енергетските пазари ја зголемија улогата на златото како „безбеден актив“. Ова особено ја поттикна побарувачката кај централните банки и институционалните инвеститори.
На Азиските пазари исто така беше забележано зголемување на котациите на благородниот метал, што придонесе за повиши локални цени на физичкото злато, особено во Индија, каде цената на грам злато порасна значително во текот на вчерашниот ден.

Како од електронски отпад да одвоите злато? Швајцарија има нов метод

Експертите предупредуваат дека, иако прогнозите остануваат претежно позитивни за 2026 година, ценовните флуктуации можат да бидат значајни во зависност од новите движења на глобалните финансиски пазари и политичките настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот