Фото: EPA-EFE/Thais Llorca

Во Луцерн починало лице вакцинирано против коронавирус

Во швајцарскиот кантон Луцерн почина едно лице, само неколку дена откако било вакцинирано против коронавирусот.

Надлежната Дирекција за здравство ја потврди смртта на лицето кое било вакцинирано, но, според веб-страницата „зеитпункт” не е утврдено дали постои поврзаност меѓу вакцината и причината за смртта.

Според швајцарските медиуми, станува збор за лице кое починало вчера, а било вакцинирано на 24 декември во институција за лица со деменција.

Здравствената дирекција на Луцерн го пријави случајот во Швајцарскиот институт за лекови „Свисмедик”, што ја одобри употребата на вакцината од Фајзер/БиоНТек во земјата.

Досега се документирани несакани ефекти што можат да се споредат со оние по вакцинација против грип.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот