Во крвта на возачот на комбето со навивачи на ПАОК пронајдени алкохол и дрога
Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК и натаму ја тема на јавноста во регионот, а сега се појавуваат нови информации.
Препорачано
Како што објавија надлежните, токсиколошките анализи покажале дека возачот на комбето бил под дејство на алкохол и наркотични средства. Иако техничката експертиза сè уште не е завршена и не е утврдено дали имало проблем со управувањето на возилото за време на претекнувањето, потврдено е присуство на канабис и кокаин кај возачот.
„Констатирана е и присутност на алкохол“, изјави Берта Серена Константинеску, портпаролка на Обвинителството при судот во Лугој.
Таа додаде дека на местото на несреќата биле пронајдени кеси со супстанции за кои се сомнева дека се психоактивни, но официјалните лабораториски резултати допрва се очекуваат.
Во однос на шпекулациите дека возилото имало технички дефект и дека воланот се закочил во моментот на претекнување, истражните органи засега не излегуваат со конечен став, со оглед на тоа што анализите сè уште се во тек.
Од трите лица кои ја преживеале несреќата кај Лугој, двајца се транспортирани во Солун со медицински авион обезбеден од грчкото Министерство за здравство. Едниот повреден ќе остане на болничко лекување, додека другиот е пуштен на домашна нега.
Несреќата се случи во близина на српската граница, а навивачите биле на пат кон Франција, каде требало да присуствуваат на натпреварот на ПАОК против Лион во рамките на Лига Европа.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Комбе се распарчи во страшен судир со камион, загинаа седум навивачи на ПАОК


