Фото: Screenshot/X

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Комбе се распарчи во страшен судир со камион, загинаа седум навивачи на ПАОК

Грција денеска е завиена во црно по трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК, додека уште три лица се повредени, од кои едно се наоѓа во критична состојба.

Навивачите биле на пат кон Франција, каде што требало да го следат натпреварот од Лигата на Европа против Лион, но нивното патување завршило трагично на околу 80 километри од српската граница.

Несреќата се случила во близина на градот Лугој, во околината на Темишвар, кога комбето во кое се превезувале навивачите се обидело да изврши претекнување.  Како што може да се види на снимката возачот во моментот на претекнувањето губи контрола и се удира директно во камионот кој вози во спротивната лента од спротивна насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот