Преживеан патник ја откри причината за несреќата во која загинаа седуммина навивачи на ПАОК
Страшна трагедија ја потресе цела Грција кога кај романскиот град Темишвар се судрија камион и комбе во кое се наоѓаа навивачи на ПАОК, а сега е откриена и причината за кобната несреќа.
Препорачано
Во тешката сообраќајна несреќа загинаа седум навивачи кои патувале на натпреварот на „црно-белите“ против Лион. Снимката од страшниот судир веќе беше објавенаа, а сега се дозна и зошто комбето, по претекнувањето на еден камион, завршило во левата сообраќајна лента.
Како што изјавил еден од повредените пред лекарите, воланот се блокирал во моментот кога возачот сакал да се врати во десната лента. Причината за блокадата била таканаречената „асистенција за контрола на лента“. Левиот покажувач на правец бил вклучен, поради што системот автоматски не му дозволил целосно да го врати возилото во десната лента.
Бидејќи тоа не се случило, асистенцијата започнала да го носи комбето во левата лента директно во камионот кој доаѓал од спротивната страна.
Во оваа трагедија животот го загубија седум навивачи на ПАОК, додека уште три лица се повредени.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Комбе се распарчи во страшен судир со камион, загинаа седум навивачи на ПАОК
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
7мин
-
33мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


