Во Јужна Кореа излечени пациенти повторно позитивни на корона

Јужнокорејските власти изјавија дека денеска дури 91 пациент за кои се сметало дека се излечени од корона вирусот покажале позитивни тестови.

Директорот на Корејскиот центар за контрола и спречување на заразата Џеонг Еингкјеонг изјави дека постои можност вирусот повторно да се активирал, и дека можеби не станува збор за повторно заразување.

Здравствените служби во земјата истакнуваат дека се уште не е јасна причината на оваа појав а и дека епидемиолошките истражувања се во тек.

Аналитичарите наведуваат дека можноста за повторно заболување од вирусот предизвикува меѓународна загриженост бидејќи голем број држави се надеваат дека заразеното население ќе развие доволно силен имунитет кој би ја спречил ваквата појава.

– Овој број ќе се зголемува, 91 е само почеток, вели професорот Ким Вуџу од Корејскиот универзитет.

Според мислењето на другите експерти, постои можност за погрешни резултати при испитувањето или дека остатоците од вирусот се уште останале во системот на пациентите, но дека не претставувале опасност за носителот или за другите лица.

Јужна Кореја денеска јавува за нови 27 смртни случаи, што пак е најниска цифра на дневно ниво. Вкупниот врој на заразени во земјата сега изнесува 10.450 лица, а починале 208 луѓе.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот