Во друштво на мистериозна бринета: Метју Пери по долго време повторно забележан во јавноста

Фото: Профимедиа

Актерот Метју Пери кој го глумеше Чендлер во хит серијата „Пријатели“, беше забележан во јавноста по доста долг период. Папараците го сликале додека тој посетувал пријател во Пацифик Палисадес, а друштво му правела мистериозна бринета, која изгледа како неговата поранешна вереница Моли Харвиц.

Фото: Профимедиа

Во рацете тие носеа храна од популарен ланец ресторани за брза храна. Метју на новите фотографии изгледа доста ослабнато за разлика од минатата година. Тој бил облечен во пантолони, маица и кошула.

Девојката која наликува на Моли била облечена во летно издание. Носела крем топ и кратки тексас панталончиња, а на главата имала и очила за сонце.

Фото: Профимедиа

Ова е првпат актерот да е забележан во јавност во женско друштво откако ја прекина веридбата со Моли во јуни минатата година.

„Понекогаш работите едноставно не функционираат, а ова е еден од тие случаи. На Моли и посакувам се најдобро“, изјави тогаш Пери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот