Во Битола отворена изложба „Книги: историја, иднина”

Со отворање на изложбата „Книги: историја, иднина” чиј организатор е Македонско научно друштво, синоќа во Битола почнаа манифестациите посветени на празникот на градот, Денот на ослободувањето 4-ти Ноември.

На изложбата во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски” изложени се над 400 книги чиј издавач е МНД-Битола.

– Нема ништо помоќно од пишуваниот збор, збор кој остава голем траг на тоа што се случувало во минатото и е за идните генерации. Годинава одлучивме 75-то одбележување на Денот на ослободувањето на Битола да го почнеме со изложбата на МНД-Битола каде се чуваат големи дела – истакна градоначалничката на Наташа Петровска.

На синоќешниот промотивен настан од МНД-Битола информираа дека на изложбата се поместени над 400 книги чиј издавач е Друштвото, ретки изданија како што се првиот број на списанието „Прилози” од 1960 година и првата книга „Педагогика” кои датираат од почетоците со работа на Друштвото, а пригодно за празникот, на јавноста е понудено посебното издание „Прилози” од 1980 година, посветено на командантот на Главниот Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, академик Михаило Апостолски, во тоа време избран почесен член на МНД-Битола.

Пред присутните гости на МНД-Битола, професорката Весна Мундишевска Велјановска го ромовира најновиот број на списанието „Современи дијалози” кое содржи авторски трудови на 50 македонски и 30 писатели од странство, а се издава со поддршка на Министерството за култура.

Празничните манифестации по повод денот на ослободувањето на Битола денес продолжуваат со шаховски турнир за слепи лица, велосипедска трка, градско кугларско провемство и моќна атлетска трка по Широк Сокак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот