Владата и АМС со нови три милиони евра за помош на македонскиот спорт

Фото: МИА

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, објави дека Владата ќе одвои дополнителни три милиони евра oд државниот Буџет на Македонија за помош на македонскиот спорт.
Помош ќе добијат 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти кои досега добиле спортски ваучер, со цел сите тие да ги надминат проблемите кои ги предизвика пандемијата на коронавирусот.
– Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето поради коронавирусот и финансиската поддршка на спортските чинители од државата е еднократна употреба. Со оваа владина одлука усвоена на 65-та седница на наменските сметки на спортските субјекти на кои им е издаден ваучер за 2021 година ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб-страната на АМС – изјави Мојсоски.


 

 

Видео на денот