Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Макало од ореви (РЕЦЕПТ)

Unspash
Unsplash

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогати со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овојпат ќе ви претставиме еден брз и лесен рецепт на домашен намаз кој е одличен избор за брз ручек, а може да се комбинира со многу други посни јадење како додаток или како главно јадење.

Состојки:

– 6 компири
– 300 гр. мелени ореви
– 2 лажици доматно пире
– 2 лажици сенф
– сок од ½ лимон
– 2 чешниња лук
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Сварете ги компирите и со пасирање подгответе ги како за пире. Ставете го пирето во подлабок сад и додадете сол, бибер, лук (убаво истолчен), доматно пире, сенф, ореви и лимон.

Измешајте ја смесата убаво со миксер додека не добиете хомогена смеса.

Намазот ставете го стаклена тегла и уживајте во него кога и да посакате на топло лепче.
Одлично оди и со печени компири или во комбинација со некоја свежа салата.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот