Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Шницли со карфиол (РЕЦЕПТ)

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

За денес ден одлучивме тоа да биде еден интересен рецепт кој веруваме дека особено ќе им се допадне на љубителте на телешко месо, телешки стек.

Состојки:

– 600 гр телешки стек
– 300 гр свеж карфиол
– 250 гр кајмак
– 2 дцл млеко
– 100 гр брашно
– 3 јајца
– 100гр лебни трошки
– масло за пржење
– сол

Подготовка:

Прво стекот треба убаво да ги истолчите, да бидат парчињата по тенки, а потоа премачкајте ги убаво со кајмак и посолете ги.

Завиткајте го парчињата шницли како ролни и препелкајте го прво во брашно, па изматените јајца и лебните трошки и ставете ги во тава со врело масло убаво да се испржат.

Во друг сад сварете го убаво карфиолот, преостанатите јајца изматете ги со млекото.

Потоа ставете го карфиолот во огноотпорен сад, истурете ги изматените јајца и млекото и печете во рерна.

Пржените шницли ги преливате со сместа со печениот карфиол.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Пита на црногорски начин (РЕЦЕПТ)

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Качамак со кајмак (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот