Виролог од Кембриџ откри дека пандемијата на Ковид оди во добра насока, доколку не се појави поагресивна мутација

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Дали сојот омикрон на коронавирус ќе биде божиќен подарок бидејќи има тенденција да го претвори овој вирус во нешто слично на однесувањето на сезонски грип, или пак појавата на нов вид на вирусот е аларм што укажува дека нема да запре со своето ширење?

Крис Смит, британски вирусолог и предавач на Универзитетот во Кембриџ, напиша статија за омикрон и можниот развој на епидемијата.

Тој во статијата рагзледува некои нови сознанија околу новиот вид омикрон но и свои гледања на развивањето на омикрон во анредниот период

 

Фото: Профимедиа

Омикрон првпат се појави пред околу еден месец во Јужна Африка. Нултиот пациент бил млад човек кој дошол на лекар без симптоми вообичаени за Ковид. Најчесто имал болки во грлото и се чувствувал уморен. Истиот ден во ординацијата влегле уште седум лица со исти симптоми. Тие беа тестирани и беше откриена новата варијанта.

Наскоро беше откриено дека вирусот зад новите инфекции е полн со промени или мутации – околу 50 од нив – со високи концентрации фокусирани на делот од генетскиот код што вирусот го користи за да ја шифрира шилестата компонента на неговата надворешна обвивка.

САД вакцини /Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Сето ова ја потигна загриженоста кај здравствените работници кои стравуваат од негово брзо ширење

Шилецот е главниот дел од вирусот што го користи за да ги фати и да навлезе во нашите клетки. Неговата клучна улога значи дека тоа е и структурата на која цели сегашната генерација вакцини против Ковид, што го прави мутантниот вирус со драматично изменета структура на шилецот , огромен потенцијален ризик за светот , кој досега вакцинираше повеќе од 50 отсто од своето население.

делта сој
Нова варијанта на коронавирусите/ Фото: Profimedia

Парадокс

Подеднакво алармантна беше брзината со која почнаа да се појавуваат случаи на оваа нова варијанта. Неколку стотици дневни случаи во Јужна Африка се претворија во повеќе од 10.000 дневно, речиси сите заболени од оваа нова варијанта, што ја поттикна СЗО да ја прогласи за варијанта на загриженост и да ја нарече омикрон.

Некои научници одеа до таму што загрижени од новиот сој на вирусот сакаа да го наречат дека требало да се повика „господ на помош “, врз основа на неговиот застрашувачки генетски профил.

Но, тогаш дојде парадоксот: и покрај многу случаи, меѓу вакцинирани, невакцинирани и претходно заразени луѓе (што укажува дека омикрон доста успешно го заобиколува постоечкиот имунитет), процентот на луѓе на кислородна подршка или на оние на кои им треба интензивна болничка нега, беше многу помал отколку на инфицираните од делта вирусот .

Кипар ковид-19 коронавирус
Пациент заразен со коронавирусот  / Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Луѓето исто така закрепнаа побрзо, а бројот на постари пациенти се чини дека е значително помал.

Премногу е рано да се процени ризикот од долгорочни последици, како што е долгорочната ковид, но овие податоци изгледаат многу охрабрувачки. Можеби доволно охрабрувачки за сериозно да се зафатиме со идејата дека ова може да биде увид во тоа каде на крајот води пандемијата на Ковид: до поблага болест.

ковид-19 болниц
Болница за ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Што нè учи историјата и биологијата?

Уште во доцните 1800-ти, патологот Теобалд Смит претпоставил дека болестите со текот на времето стануваат поблаги бидејќи во интерес и на домаќинот (луѓето) и на вирусот е да станат „подобри пријатели“. Бенигната болест подобро се поднесува и е помала веројатноста да не „провоцира“ да подигнеме бариери за да го спречиме нејзиното ширење.

Смит ги засновал своите теории на крави, а не на луѓе, а неговите идеи секако биле премногу поедноставени, но низ историјата сме виделе доволно други примери на вируси кои со текот на времето стануваат помалку агресивни. Тогаш зошто тоа не би се случило со Ковид?

Кога првите колонисти воведоа зајаци во Австралија, нивната популација подоцна порасна на неколку стотици милиони.

За да се контролира нивниот број, миксом вирусот (зајачки роднина на сипаници) влезе во земјата во 1950 година, убивајќи повеќе од 99 отсто од животните. Вирусот подоцна ја изгуби својата вирулентност и смртноста драстично опадна. Ова се случи бидејќи вирусите не можат да преживеат без домаќин.

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Дали ова ќе се случи и со ковид?

Постои шанса токму тоа да се случува, а тоа го поткрепува и фактот што нешто слично веќе се случило со коронавирусот кој сè уште кружи низ светот.

Во 1890 година, пандемија го зафати светот и уби повеќе од еден милион луѓе. Овој вирус, кој сега го нарекуваме OC43 или говедски коронавирус, ја прескокна бариерата и се прошири од животните на луѓето и брзо се прошири во густо населените градови.

Меѓу најважните сознанија за вирусот во тоа време беа дека на него е подложна и од него заболува постарата популација и луѓето со веќе постоечки здравствени проблеми, како и помладите луѓе кои боледуваат од ретки болести.

Фото: Профимедиа

Што се случи?

Научниците се сомневаат дека коронавирусот од 1890 година, откако брзо се раширил меѓу населението без никаков имунитет, оставил зад себе голем број на преживеани лица со имунитет кои потоа, до крајот на животот, повремено се заразувале со вирусот. Кај овие лица болеста никогаш не била толку интензивна бидејќи телото се стекнало со имунолошка меморија од минатото заболување.

Се сомнева дека вирусот се повлекол, односно се прилагодил добивајќи некои генетски промени за да си го олесни своето опстојување кај луѓето, и да стане еден од четирите коронавируси кои предизвикуваат настинки и од кои сите повремено заболуваме .

Ова ни дава увид во можната насока во која во иднина ковидот би можел да се движи со омикронот. Оваа варијанта е многу пренослива, веројатно двојно поголема од делтата и, следствено на тоа , брзо ја заменува поагресивната делта за да стане доминантна.

Доколку не се појават други, поагресивни варијанти на короната, ова може да биде убав божиќен подарок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот