Викторија Спенџарска Стин ни направи колачиња со јагоди и банани

викторија спенџарска стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да креирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни подготви домашна гранола: Одлична идеја за брз појадок

Денес ни открива рецепт за колачиња/барови со јагоди и банани што се прават брзо и лесно, а се превкусни.

„Овие колачиња се прелесни за правење и одлични за појадок со свежо овошје, чашка растително млеко или какао… ви ветувам уживање“, порача Викторија.

Потребни состојки:

– 1,5 шолја овесни снегулки
– 3 презреани банани
– 2 лажици путер од индиски (замени со каков било путер од јатки)
– 1 лажица ванила
– 3 лажици јогурт (јас користев овошен јогурт од малина)
– јагоди

Викторија Спенџарска Стин
Рецепт на Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Најпрвин со виљушка се пасираат бананите. Се додаваат путерот од индиски ореви, ванилата и 2 лажици јогурт и убаво се промешува. На крај се ставаат овесните снегулки, се меша и смесата се истура во калап (по желба може да се стави и лажица засладувач). Одозгора се редат јагодите и се пече 20-ина минути на 180 степени. Се сече во форма што вам ви одговара. Јас ги јадев со лажица овошен јогурт и свежи јагоди. Одлични се зошто стојат свежи со денови и може да ви послужат како појадок, ужина или десерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот