Викторија Спенџарска Стин ни подготви домашна гранола: Одлична идеја за брз појадок

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини oрганизации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

„Без разлика дали сакате да внесувате повеќе протеини или само сакате да уживате во вкусен и крцкав оброк, овој рецепт е за вас! Во комбинација со растително млеко или јогурт и многу овошје е одлична за брз појадок кој ќе ве држи сити подолго време“, вели таа.

 

Викторија Спенџарска Стин ни подготви сирови чизкејк колачи со боровинки

Потребни состојки:

– 2 шолји овесни снегулки
– 1 шолја микс сецкани јатки (јас користев лешници, бадеми, индиски и бразилски ореви)
– 1/3 шолја варена црвена леќа
– 1/4 шолја семки од тиква
– 1/4 шолја протеински прав
– 2 лажици семе од коноп
– 2 лажици мелено ленено семе
– 1/2 лажичка цејлонски цимет
– 1/4 лажичка хималајска сол
– 1/4 шолја јаворов сируп
– 1/4 шолја кокосово масло
– 1/4 шолја путер од кикирики

Викторија Спенџарска Стин

Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

 

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите суви состојки. Растопете го кокосовото масло со јаворовиот сируп и путерот од кикирики. Со шпатула измешајте ги сите состојки заедно и истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете 20 минути на 180 степени додека не порумени. Откако ќе ја извадите оставете ја комплетно да се излади па можете да додадете рака сушено овошје како брусница или суво грозје. Доколку не користите протеински прашок може слободно да го прескокнете. Оваа гранола не е многу блага така да доколку не ви е важен внесот на калории ставете повеќе јаворов сируп или сушено овошје. Мене највкусна ми е со брусница. Која е вашата омилена гранола комбинација?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот