Викторија Спенџарска Стин ни подготви сирови чизкејк колачи со боровинки

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Викторија Спенџарска Стин ни подготви розов хумус: Лесен, вкусен и многу хранлив!

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Денес Викторија споделува рецепт за сирови чизкејк колачи со боровинки. Изненадете ги најблиските со овој вкусен, здрав и нутритивен десерт.

Потребни состојки:

За основата:
– 10 урми
– 30 г хељда
– 30 г бадеми

За кремот:
– 200 г индиски ореви
– 2 лажици агаве или засладувач по желба
– 1/3 конзерва кокосово млеко
– 4 лажици боровинки

Начин на подготовка:

Ставете ги бадемите и хељдата во блендер и мелете ги на ситно, а потоа додадете ги и урмите. Распоредете
ја смесата во калапи за мафини и ставете ја во замрзнувач додека го подготвувате кремот. Ставете ги сите состојки во блендер, освен боровинките, и мешајте ги сѐ додека не добиете кремаста смеса. Истурете ја половина од смесата врз основата и вратете ја во замрзнувач. Додајте ги боровинките (претходно одмрзнати, без течноста) во другата половина и мешајте во блендер. Дополнете ги калапите и вратете ги во замрзнувач минимум 2 часа, за да се стегнат убаво. Декорирајте по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот