Викторија Спенџарска Стин ни подготви розов хумус: Лесен, вкусен и многу хранлив!

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни носи несекојдневен десерт: Чизкејк со лимета и зелена мача

Викторија со сите вас споделува рецепт за хумус со кој ќе внесете малку боја на вашата трпеза и да ги израдувате вашите најблиски.

„Обожавам хумус и го правам доста често зошто е лесен, вкусен и многу хранлив, а еден од моите омилени вариации е оној со цвекло. Се прави исто како традиционалниот хумус но се додава и печено или варено цвекло, а сега додадов и малку потпечен сусам за шмек“, вели таа.

Потребни состојки:

-100 гр сварен наут
-1 цвекло со средна големина
-сок од еден лимон
-2 чешниња лук
-50 гр потпечен сусам
-1 супена лажица таан
-1 супена лажица маслиново масло
-1 кафена лажичка кумин
-сол и бибер по желба

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и пулсирајте додека не ја добиете посакуваната текстура. Ако го сакате повеќе мазен додадете малку вода или пак сок од лимон. Сервирајте со потпечено лепче, авокадо и магдонос. Јас секогаш солта ја додавам на крај. Како вие го сакате хумусот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот