ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Богдановиќ: Се повеќе деца го бираат шахот за изборен предмет во училиштата

Фото: Слободен печат

Какви се придобивките од изучување на шахот во училиштата, каква е заинтересираноста меѓу децата за оваа древна игра и колку Македонија шаховски е далеку од Кина и Индија? Во интервју за емисијата„Слободен печат“, одговор на овие, и на многу други прашања ни даде Саша Богдановиќ, претседател на Шаховската федерација на Македонија.

На прашањето колку Македонија е шаховски далеку од Кина и Индија, Богдановиќ вели дека со вложувањата коишто се направени изминатите години и со новите вложувања кои се планираат, за неколку години е возможно Македонија шаховски да парира на светските велесили.

„Шахот е измислен во Индија, каде што луѓе кои опслужувале некакви казни правеле фигури од дрво со кои играле за побрзо да им помине времето. Знаеме дека во минатото главната борба била меѓу Советскиот сојуз и САД, сега во поново време доминираат индиските и кинеските шахисти коишто навистина имаат тесна борба, а и двете земји имаат огромен број на шахисти бидејќи и двете земји се со најголема популација во светот. Македонија во последните неколку години се труди да фати чекор со шаховскиот свет во неколку правци и мислам дека со вложувањата кои ги правиме и во иднина планираме да ги правиме за неколку години ќе даде резултат, бидејќи како и во секој спорт така и во шахот треба да се поминат одредени скалила за да се дојде блиску до шаховските светски велесили“, вели Богдановиќ.

Богдановиќ е презадоволен од одзивот и заинтересираноста на децата од изучувањето на шахот во основните училишта.

„Искрен да бидам, ние сме презадоволни од заинтересираноста на децата и веќе во секое основно училиште, децата како изборен предмет го бираат шахот, но сè што е ново наидува на одредени предизвици, па ни требаше доволно време да обучиме кадри. Сега имаме преку 1000 професори кои ја поминале обуката, добиле сертификат и можат да предаваат шах во училиштата, односно децата да ги запознаат со основните вештини за шахот и што воопшто значи шах. Сега ни е предизвик да ги опремиме сите училишта со шаховски табли, за да можат да се организират и првенства. Потпишавме договори со многу партнери кои ни помагаат во таа цел. Нашата иницијатива беше препознаена и од ФИДЕ, кои учествува со одредена финансиска помош. Добра директива и што во препораките на Европска унија се кажува дека во основното образование пожелно е да се изучува шахот како основен предмет и тоа само ни дава ветер во грб“, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ вели дека шахот е едноставно животно лекција односно создава позитивен ефект како треба да се однесуваат луѓето во животот.

„За разлика од другите спортови во шахот пред се многу е значајна концентрацијата, вниманието, пресметка каков потег да се одигра. Децата тука совладуваат некој човечки вештини коишто навистина се потребни. Мене ми е најбитно бидејќи има фер-плеј, точно се знаат правилата на игра. На крајот, создава кај луѓето позитивен ефект како треба да се однесуваат луѓето во животот: играш, добиваш, губиш, пружаш рака и тие придобивки се значајни во градењето на личноста“, вели Богдановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот