ВИДЕО | Зверев преку Шпанецот Ходар до полуфинале на Ролан Гарос
Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос со многу полесна победа од очекуваното. На теренот „Филип Шатрие“, Зверев го совлада Шпанецот Рафаел Ходар со 3-0 во сетови (7:6 (3), 6:1, 6:3), а мечот траеше два часа и 28 минути.
Препорачано
Како трет носител на светската ранг-листа, Зверев важи за еден од главните фаворити за титулата во Париз, особено по елиминацијата на неколку од најголемите конкуренти.
Иако често е критикуван дека попушта во клучните моменти, така делуваше и на почетокот од мечот кога Ходар поведе со убедливи 5:2. Сепак, Германецот успеа да се врати во игра, да ја анулира предноста и по тај-брејк, во кој освои четири поени во низа, да го добие првиот сет.
Solid stuff from Sascha 💪 #RolandGarros pic.twitter.com/SDXqCDivW0
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 2, 2026
Во продолжението, Зверев целосно ја презеде контролата. Со два брејка лесно го доби вториот сет, а добриот ритам го пренесе и во третиот, каде веднаш направи брејк уште во првиот гем.Младиот 19-годишен Шпанец накратко се обиде да се врати во игра, пропуштајќи брејк топка во осмиот гем, но Зверев со нов брејк во следниот гем го затвори натпреварот.
Германскиот тенисер во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Фонсека и Меншик кој се игра вечерва од 20:15 часот.
A DOMINANT DISPLAY 💪
Sascha Zverev is into a 5th Roland-Garros semi-final!#RolandGarros pic.twitter.com/skE4Gdne6E
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 2, 2026


