ВИДЕО: Жабер по пресврт се пласираше во финалето на Вимблдон

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Онс Жабер од Тунис стигна до финалето на „Вимблдон“ по вторпат во кариерата втора година по ред. Во полуфиналето Жабер беше подобра од втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка.

Тунижанката ја извојува победата вредна за финалето по пресврт, во три сета – 6:7, 6:4, 6:3 по два часа и 15 минути игра. Жабер ќе игра за петтата титула во кариерата и прв слем, ова и е трето Грен слем финале.

Гледавме возбудлив прв сет помеѓу двете одлични тенисерки кои спасуваа брејк топки во сетот кој беше решен во тај брејк и го доби Жабер со 7:5. Во вториот сет видовме израмнета борба, а пресуди брејк на туниската тенисерка и мечот отиде во третиот сет.

Жабер успеа целосно да го комплетира пресвртот во третиот сет. Целиот меч застана во шестиот гем во кој Сабаленка спаси две брејк топки, но третата беше брејк за Тунижанката и ѝ донесе водство од 4:2 во решавачкиот дел од мечот. До крајот Жабер успеа да го приведе мечот кон крајот и да забележи победа.

Противничка на Жабер во дуелот за титулата ќе биде Маркета Вондрушова која претходно во првото полуфинале ја елиминираше Елина Свитолина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот