ВИДЕО: Вондрушова е првата финалистка на „Вимблдон“
Во женска конкуренција Елина Свитолина во вторникот во четвртфиналето ја елиминираше најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек, но два дена подоцна не успеа да обезбеди пласман во финалето на „Вимблдон“.
Препорачано
Подобра од Украинката денеска беше Маркета Вондрушова од Чешка, која славеше со 2:0 во сетови 6:3 и 6:3. За Вондрушова ова е второ грен слем финале во кариерата, првпат играше пред четири години на „Ролан Гарос“ кога загуби од Австралијката Ешли Барти.
Чешката тениерка, која е 42 играч на ВТА листата, го контролираше најголемиот дел од мечот на Централниот терен во Лондон.
Marketa Vondrousova is a #Wimbledon finalist ?
The 24-year-old defeats Elina Svitolina 6-3, 6-3 to reach her second Grand Slam final pic.twitter.com/zcGBtItA0L
— Wimbledon (@Wimbledon) July 13, 2023
Првиот сет беше неизвесен до резултат 3:3 (Свитолина израмни со брејк), но од тој момент Вондрушова доминираше освојувајќи седум гема во низа.
Во вториот сет водеше со 4:0, а имаше и 40:0 за 5:0, но потоа притисокот си го направи своето – Свитолина ги врати двата брејка и намали на 4:3.
Следните два гема ги освои Вондрушова која во големото финале ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Арина Сабаленка – Онс Жабер.


